Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Од:

Дмитри Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, се огласи откако Џо Бајден одобри употреба на американско оружје за напади длабоко во Русија, а Владимир Путин одобри ажурирана верзија на нуклеарната доктрина.

„Откако малку се спушти прашината што ја кренаа западните весници, и покрај очигледната пропагандна намера на изданијата, се гледа дека ова што се случува може да има многу сериозни последици.

1. Не е толку важно кој и кога ја донел одлуката за употреба на тактички балистички и крстаречки ракети на НАТО со долг дострел длабоко на територијата на Русија. Згора на тоа, веќе имаше обиди за нивна употреба против нашата држава.

2. Не е толку важно колку има непријателот денес. Не е ни фактот дека нивната употреба, според мислењето на нашите непријатели, треба да има не само воен туку и информативен ефект.

3. Не е толку важно овие ракети да не можат значително да придонесат за воените дејствија на непријателот.

4. Не е толку важно што со ваквите одлуки актуелната американска администрација намерно создава ескалација на конфликтот со кој ќе треба да се справи тимот на Трамп.

5. Едно е важно – што изјави шефот на руската држава на 12 септември. И како резултат на тоа, денеска беше одобрена нова верзија на Основите на државната политика во областа на нуклеарната политика. Употребата на ракетите на Алијансата на овој начин сега може да се оквалификува како напад врз Русија од страна на земјите од блокот. Во овој случај, произлегува правото да се изврши одмазднички удар со оружје за масовно уништување против Киев и главните објекти на НАТО, каде и да се наоѓаат. И тоа е веќе трета светска војна.

Можеби старецот Бајден навистина решил да го напушти овој живот и да земе со себе значаен дел од човештвото“, напиша Медведев на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он