Медведев: Финска се подготвува за војна со Русија

Од:

Финска се подготвува за војна и веројатно подготвува „отскочна даска“ за напад врз Русија, изјави денес заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

„По влегувањето во НАТО, под маската на одбранбени мерки, Хелсинки спроведува конфронтациски курс на подготовка за војна со Русија, очигледно подготвувајќи отскочна даска за напад врз нас“, рече Медведев во колумна насловена како „Новата финска доктрина: Глупост, лаги, неблагодарност“.

Медведев нагласи дека Северноатлантската алијанса е „целосно вклучена во овие прашања и сега интензивно ги совладува сите пет оперативни средини во Лапонија – копно, море, воздух, вселена и киберпростор.

„Воената активност се зголемува“, рече Медведев.

Тој додаде дека „во непосредна близина на границата со Русија, во тек се процесите на создавање структура на штаб за напредните копнени сили на НАТО алијансата во Лапонија“, како и за „распоредување на штабот на командата на копнената компонента на ниво на Корпусот на здружените сили на НАТО во градот Микели“.

Според Медведев, нема потреба да се објаснува против кого ќе бидат насочени активностите на штабот.

„Се појавуваат нови гарнизони, на пример во селото Ивало, кое се наоѓа на 40 километри од руска територија“, прецизираше Медведев.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција