Медали за војниците кои ги фатија терористите во Москва

Од:

Руските војници кои се истакнаа во Брјанск за време на апсењето на осомничените за терористичкиот напад во „Крокус“ ​​во близина на Москва беа наградени со медали за храброст и воени заслуги.

Заменик-командантот на воениот округ Ленинград, генерал-полковник Еседула Абачов, им додели државни и одделенски награди на војниците на групата што ја штити границата на Руската Федерација, кои се истакнаа при апсењето на терористите во областа Брјанск. Абачов му честиташе на секој учесник во операцијата и високо го оцени извршувањето на зададените борбени задачи.

Најмалку 137 лица загинаа во нападот врз посетителите на концертот во петокот вечерта, а се претпоставува дека оваа бројка ќе продолжи да расте.

Федералната служба за безбедност претходно објави дека 11 лица, меѓу кои четворица терористи, се приведени во близина на руско-украинската граница.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов