Матис: Талибанците бележат напредок во Авганистан

Од:

Талибанците бележат напредок во Авганистан, предупреди американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, во момент кога администрацијата на Трамп размислува за испраќање дополнителни американски војници во земјата, пренесоа француските медиуми.

-Во моментов не победуваме. Тоа ќе го поправиме што е можно поскоро, изјави шефот на Пентагон на сослушување во сенатската комисија за вооружени сили.

„Талибанците лани имаа добра година и се обидуваат и годинава да имаат добра година. Мислам дека во моментов непријателот бележи напредок“, изјави Матис.

Администрацијата на Трамп допрва треба да се произнесе за зголемување на бројноста на американските војници во Авганистан, на што инсистира командантот на силите на НАТО и на САД во оваа земја, генерал Џон Николсон.

Во моментов во Авганистан има околу 8.400 американски војници и околу 5.000 војници од другите земји членки на НАТО.

Матис изјави дека американските војници можат да им помогнат на авганистанските сили да си ја повратат надмоќноста на борбеното поле ако им се одобри поблиско дејствување до линијата на фронтот.

Засега улогата на американските војници е главно советодавна.

Американците би можеле да обезбедат поголема воздушна поддршка и да ја зголемат „својата огнена поддршка“ за авганистанските сили, предложи Матис.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски