Матис: Нема да го зголемам бројот на американски војници во Авганистан

Од:

Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис изјави денеска дека има авторитет да го одредува бројот на војниците во Авганистан.

Тој наведе дека ќе ја ревидира стратегијата на САД во Авганистан и ќе ја достави во Белата куќа во текот на наредните недели, нагласувајќи дека бројот на војниците нема да биде ниту приближен до оној што бил во времето на администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама.

При сведочењето пред Сенатот, Матис истакна дека претседателот на САД Доналд Трамп вчера му дал овластување да го одредува бројот на војниците во Авганистан.

На прашањето дали ќе се зголеми бројот на американските војници во Авганистан, што сега изнесува околу 8.400 лица, Матис потенцираше дека „нема такви планови“.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти