Масовна евакуација на Палестинци од Газа

Од:

Неколку илјади Палестинци бегаат од северниот дел на Појасот Газа, откако израелската војска од авион исфрли летоци со повик за евакуација, поради безбедносни причини.

Како што пренесуваат агенциите забележана е евакуација од местото Беит Лахија кај Газа, од каде што жителите заминуваат со автомобили и пеш, носејќи ги со себе само неопходните работи. -Минатата ноќ бомбардирањето беше постојано, поради што никој не можеше да заспие- вели еден граѓанин.

Израелското военовоздухопловство со летоци го информира населението да се евакуира, што укажува на нови напади по кратката копнена интервенција.

-Израелската војска има намера да ја нападне инфраструктурата на терористите. Операцијата ќе биде ограничена со време. Оние кои нема да ги почитуваат инструкциите ќе бидат во смртна опасност- предупредуваат од војската.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно