Маскирани напаѓачи со Молотови коктели ги нападнаа демонстрантите пред претседателската палата во Каиро

Од:

Повеќе маскирани напаѓачи синоќа со гумени куршуми стрелаа кон демонстрантите, кои веќе еден месец логоруваат пред претседателската палата во Каиро, и ранија неколкумина и покрај полициското обезбедување, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на очевидци.

Во нападот има речиси 15 настрадани лица, од кои деветмина припадници на полицијата и шестмина демонстранти.

Напаѓачите фрлиле и шишиња со запаллива смеса врз шаторите на демонстрантите, потпалувајќи четири од нив.

Египетската телевизија покажа дека уште луѓе се приклучуваат кон протестот, почнат на 4 декември од противниците на исламистичкиот претседател Мухамед Морси, инсиститајќи на укинување на новоприфатениот Устав.

Нападот беше извршен две недели пред 25 јануари, годишнината од почетокот на востанието од 2011 година, кое од власта го собори Хосни Мубарак.

Се очекува активистите, противниците на Морси, тогаш да организираат поголеми протести.

Каирски суд вчера нареди да се симне од екраните религиозна телевизиска програма, водена од радикалниот проповедник Абдула Бадр, под обвинение дека наклеветил  популарна актерка.

Ова беше еден од трите судски порази за исламистите во текот на вчерашниот ден.

Судот одреди програмата „На вазните“ да биде запрена во следните 30 дена заради жалбата на Елхам Шахин против водителот Абдула Бадр. Масовно се лиферува видеоклип со негово интервју од август, во кое тој ја обвинува актерката дека е вклучена во проституција и и Египтѓанките ги учи да се разголуваат, да имаат секс и да изневеруваат, и кажа дека таа треба да го моли Алах за прошка за своето скандалозно однесување.

Минатиот месец Бадр беше осуден на една година затвор под истите обвиненија. Неговите говори се емитуваат на телевизијата „Ел Хафиз“, една од неколкуте мрежи, поврзани со улраконзервативното салафитско исламистичко движење.

Исто така, вчера беше прекинат еден од неколкуте процеси, почнати против популарниот сатиричар Басем Јусеф, наречен египетскиот Џон Стјуарт. Јусеф беше обвинет за општствен неморал и прекршување на религиозните принципи во неговото шоу во кое често пати си поигрува со крајноконзервативните духовници и исламисти.

Во третиот случај судот утврди дека „Дрим Ти Ви“, приватна телевизиија со либерални погледи, која остро го критикува „Муслиманско братство“, може да го обнови своето емитување запрено од исламистичкиот министер за информации Салах Абдел-Максуд за прекршување на правилата и емитување надвор од одобрената зона.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски