Маск: Владимир Путин е значително побогат од мене

Од:

Во едно од интервјуата што ги даде минатата година, Илон Маск намерно или не, кажа нешто за што многу луѓе во светот зборуваат и шпекулираат, но не можат да го потврдат. Одговарајќи на прашањето како е да се биде најбогат човек на светот (тогаш беше на првото место на листата на Форбс), Маск рече дека смета дека Владимир Путин е значително побогат од него.

На прашањето на новинарот на Business Insider дали навистина мисли така, Маск одговори потврдно.

Како може претседателот на една држава, па макар и Русија, да биде толку богат што го сметаат за побогат од човек чија „тежина“ е повеќе од 240 милијарди евра. Кога станува збор за богатството на Владимир Путин, за тоа се шпекулира со години, а многумина дури и презентираат индиректни и директни докази дека тој навистина е најбогатиот човек на планетата.

Има само еден проблем со сето тоа – степенот на неговото богатство е невозможно со сигурност да се потврди. Според она што официјално го наведува Кремљ, рускиот претседател заработува околу 133.000 долари годишно и живее во мал стан. Официјалните записи објавени од Кремљ во 2016 година ќе не наведат да веруваме дека Путин има многу скромен попис на недвижен имот. Во пријавата се вели дека поседува мал плац и стан со гаража.

Секако, на сите им е јасно дека тоа не се вклопува во она што многумина го кажуваат за начинот на живот на Путин. Имено, поранешниот советник на руската влада Станислав Белковски процени дека богатството на Путин е 70 милијарди долари. Менаџерот Бил Браудер, познат критичар на Путин, тврди дека сумата е повеќе од 200 милијарди долари.

Како претседател на Русија, официјална резиденција на Путин е московскиот Кремљ. Сепак, поголемиот дел од своето време го поминува во владина резиденција во предградието надвор од градот наречена Ново-Огарјово. Тој наводно има пристап до 20 различни палати и дворци. Со текот на годините, Путин беше поврзан со многу други имоти. Најконтроверзна од нив е таканаречената „тајна палата“. Ова наводно било изградено за Путин и биле користени нелегални државни средства. Оваа епска палата наводно чинела милијарда долари. Има приватен театар и хелиодром со простор за три хеликоптери. Критичарот на Путин, Борис Немцов тврдеше дека Путин поседува неколку приватни авиони, хеликоптери и јахти.

Се вели дека еден од неговите авиони има кабина со украси вредни 11 милиони долари и тоалет кој чинел близу 100.000 долари. Овој авион има простор за најмногу 186 патници. Путин е обвинет дека има пет такви авиони. Се вели дека Путин има колекција од четири јахти, а само една од нив чини неколку илјади долари за одржување. „Русија“, една од неговите јахти, била ремонтирана и надградена во 2005 година, која наводно чинела 1,2 милијарди долари. Потоа, тука е Олимпија. Наводно, оваа луксузна јахта долга 57 метри, вредна 35 милиони долари, ја добил на подарок од олигархот Роман Абрамович. Според поранешниот шеф на државната бродска компанија во Русија, Путин управува со јахтата користејќи државни пари.

Во 2015 година Путин беше фотографиран додека вежба со тогашниот руски премиер Дмитриј Медведев. Потоа се појавија информации дека неговите долни тренерки од кашмир „Loro Piana“ чинат 1.425 долари. Во минатото Путин подаруваше дури и часовници. Претседателот наводно му дал на едно момче од Сибир часовник додека бил на одмор, а друг на работник во фабрика кој побарал од претседателот да му подари нешто како сувенир. Наводно, часовниците вредат по 10.500 долари.

Сепак, сето тоа е невозможно да се докаже со 100% сигурност. Засега, според официјалните податоци од листата на Форбс, најбогат човек на светот е сопственикот на Луј Витон, Бернард Арно.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп