Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

Од:

Американските преговарачи вршеа притисок врз Киев да им дозволи на САД пристап до критичните минерали во Украина под закана дека ќе ѝ оневозможат на Украина пристап до сателитски интернет Старлинк, потврдија три извори запознаени со ситуацијата.

Украинскиот пристап до комуникацискиот систем Старлинк на Илон Маск, кој обезбедува клучна интернет конекција за Украина и нејзината војска, која е зафатена од војна, беше тема на неодамнешните разговори меѓу американските и украинските официјални претставници откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на американскиот министер за финансии Скот Бесант во врска со експлоатација на минерални ресурси, пренесува Ројтерс.

„Ова прашање беше повторно покренато во четвртокот за време на состаноците меѓу Кит Келог, специјалниот пратеник на САД за Украина, и украинскиот претседател Зеленски“, изјави неименуван извор запознаен со дискусиите.

За време на состанокот Келог-Зеленски, на Украина и беше кажано дека се соочува со итно затворање на услугата Старлинк доколку не прифати договор за критичните минерални ресурси.

„Украина функционира благодарение на Старлинк, која Украинците ја сметаат за своја ѕвезда водилка. Губењето на Старлинк би било огромен удар за официјален Киев“, изјавил за Ројтерс извор под услов да остане анонимен.

Зеленски ги отфрли барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да дозволи експлоатација на минерали во вредност од 500 милијарди долари како отплата за американската помош за време на војната, велејќи дека САД не и понудиле на Украина конкретни безбедносни гаранции.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Демократите најавуваат истраги против Маск и Милер, Џефрис најави поддршка за импичмент на Хегсет

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?