Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Од:

Американскиот милијардер претприемач Илон Маск, кој го предводи американското Министерство за ефикасност на владата (DOGE), ја пофали компетентноста на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

„Вака изгледа компетентното раководство“, напиша Маск на социјалната мрежа Твитер, коментирајќи го доаѓањето на руска делегација во Саудиска Арабија на разговори со американската делегација.

Видеото што го сподели Маск го снимија државните медиуми РИА Новости и ВГТРК. И матичната агенција на РИА Новости, Rossiya Segodnya, и VGTRK се под санкции на САД.

Во моментов во Ријад се одржува средба на американската и руската делегација за војната во Украина и можното воспоставување мир. Во тек се подготовките и за средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори

ВИДЕО: Жесток руски напад на Запорожје, тројцата мртви

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска