Маск демантира дека му подарил Тесла на Лукашенко

Од:

Основачот на „СпејсИкс“ и автокомпанијата „Тесла“, Илон Маск, ја демантираше информацијата дека му подарил автомобил Тесла на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Маск ова го соопшти денеска на својот Твитер налог откако беше прашан од своите потписници.

На 2 септември, за време на настап по повод првиот школски ден во училиште во Минск, Лукашенко изјави дека поседувал автомобил Тесла којшто, според него, му го подарил Маск.

-Имам електро автомобил Тесла, и понекогаш го тестирам. Ми ја подари Маск, им рече тогаш Лукашенко на учениците.

Прилог од средбата во училиштето емитуваше ТВ каналот „СТВ“. Ниту службата за односи со јавноста на претседателот, ниту пак самиот Лукашенко, претходно не соопштија за таков подарок.

Според изданието „Белоруски Партизан“, Лукашенко станал сопственик на автомобил Тесла „Модел С П100Д“ пред две години. Најефтината верзија на овој модел чини 80 илјади долари, а верзијата со дополнителна опрема на белорускиот претседател чини 165 илјади долари, дознава изданието.

Оттаму велат дека Маск навистина претходно дарувал аватомобили Тесла, но на својата мајка и на поранешната девојка.

-Лукашенко никако не може да се стави во тој список, додава „Белоруски Партизан“.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации