Масимо Д’Алема: Евроинтеграцијата нема алтернативи

Од:

Наспроти сите предизвици, проблеми и стравувања, процесот на европска интеграција нема никакави други алтернативи, изјави денеска поранешниот италијански премиер Масимо Д’Алема во предавањето на Софискиот универзитет на тема „Предизвиците пред Европа и улогата на младите“.
Според Д’Алема, како што јави БТА, кризите секогаш претставуваат и можност, бидејќи во тешки времиња треба да се најде поттик и сила за изработка на среднорочна и долгорочна визија за заедничката иднина.

– ЕУ се уште има потенцијали да ги мобилизира идните поколенија на млади луѓе, потенцира поранешниот италијански премиер.

Тој нагласи дека ЕУ е единствен пример во историјата на човештвото, која создала „длабоки промени во рамките на животот на една генерација“, додавајќи дека и покрај актуелните проблеми, Унијата претставува еден исклучително голем историски успех.

– Европа може да претставува фактор, само ако е обединета. Единствена алтернатива на маргинализацијата е самата ЕУ, но таква ЕУ која ќе биде способна да дејствува на глобалната сцена како голем играч, смета Д’Алема.

Според него, единствен одговор на критичарите на ЕУ е создвањето на една посилна Европа, која ќе биде во состојба да понуди реални одговори за сите свои граѓани.

– Единствен прифатлив начин на реакција не е да се ослободиме од нашите заеднички обврски, туку да ги засилиме политичките и демократските капацитети на ЕУ, посочи Д’Алема.
Тој нагласи дека ЕУ треба да се бори против исламофобијата во сопствените редови, бидејќи како што рече не е потребен конфликт меѓу исламскиот и христијанскиот евст, туку борба против тероризмот и нетолеранцијата.

– Погрешно е да мислиме дека нашиот модел на демократија би можеле да го пресликаме во странство, додаде поранешниот италијански премиер.

Осврнувајќи се на односите меѓу ЕУ и Русија, Д’Алема нагласи дека тие претставуваат сериозен тест за единството на Унијата, потенцирајќи дека Европа треба да се однесува балансирано.

Според него, сега е потребен нов поттик на европскиот проект, кој не треба да доаѓа само од политичката сфера, туку и од цивилното општетсво.

– Наш најголем непријател е стравот. Стравот води до погрешни избори, до ксенофобија и до расизам, истакна Д’Алема во обраќањето.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага