Масакр во Шведска: Полицијата потврди дека загинале околу 10 лица

Од:

Полицијата на прес-конференција во 18 часот соопшти дека во нападот во училиштето Oребро загинале околу 10 лица.

„Не можеме да бидеме попрецизни од тоа. Работиме на идентификување на убиените“, велат тие.

Напаѓачот од претходно не и бил познат на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

– Веќе нема никаква опасност, соопшти полицијата.

Полицијата не дава информации за возраста на жртвите.

Мотивот за овој страшен настан е непознат, тврди директорот на градската полиција Роберто Еид Форест, но се чини дека не станува збор за тероризам или организиран криминал.

Неколку шведски медиуми јавуваат дека 11 лица загинале, а неколку други се повредени. Претходно беше соопштено дека во Универзитетската болница се згрижени шестмина повредени.

Би можело да ве интересира

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата, можна историска владина улога за крајната десница

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја