Мартин Шулц: На Ципрас му треба вербално разоружување

Од:

Првиот човек на Европскиот Парламент германскиот европратеник Мартин Шулц го предупреди грчкиот премиер Алексис Ципрас да не ја напаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.
Во изјава за весникот „Велт ам Зонтаг“ вели дека го советувал Ципрас да не ја напаѓа канцеларката Меркел и нејзината влада во врска со мерките за штедење.

– Му препорачав вербално да се разоружа. Тоа не му носи ништо добро. Ципрас е добро советуван да ги запре нападите врз Ангела Мерке“, изјави Шулц, кој е првиот европски лидер што беше примен од Ципрас а во ЕП е дел од групата европски социјалисти и демократи.

Шулц потенцира дека на крајот германската влада е таа која што заедно со другите ќе треба да му помогне.

Канцеларката Меркел вчера во изјава за германските медиуми изјави дека не гледа можност за простување на грчкиот долг и дека очекува Грција да ги почитува договорите за штедење. Германија со 56 милијарди евра е најголемиот гредитор на Грција.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија