Мартин Шулц ги повика европратениците на „взаемно почитување“

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц ги повика европратениците да се придржуваат до правилото за „взаемно почитување”, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Претседателот Шулц ги информираше европратениците дека Советодавната Комисија на ЕП за Кодексот за однесување води истрага за немилиот инцидент, расправијата меѓу двајца европратеници од УКИП на 6 октомври.

Своите наоди и препораки Комисијата ќе ги претстави пред ЕП во текот на оваа недела. Тој притоа потсети дека членот 11 став (2) од Деловникот за работа на ЕП бара европратеници да покажат „взаемно почитување” во нивното однесување.

Во овој инцидент, во кој беше вмешан пратеникот Стивен Вулф, за кој широко се пишуваше во медиумите, мора да остане изолиран случај, рече Мартин Шулц.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз