Марш на украинските ултрадесничари и националисти низ Киев

Од:

Околу три илјади припадници на украинските националистички и крајнодесничарски партии и групи учествуваа во маршот низ улиците на Киев, организиран во чест на годишнината од раѓањето на „нацистичкиот“ помагач и „херој“ на домашните националисти Степан Бандера.

Неговите денешени приврзаници и почитувачи, носеа знамиња на крајнодесничарската и националистичка партија „Свобода“ и на милитантната група „Десен Сектор“ запалени факели и беа облечени во униформите на украинските квислинзи, од времето на Вторатата светска војна.

Лидерот на „Свобода“ Олех Тјанибок побара од новите украински власти,Бандера да добие статус на херој на Украина.

Припадниците на „Свобода“ и „Десен Сектор“ учествуваа во антивладините и антируските демонстрации во Киев,по кои насила беше тргнат од власт,поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Русите во Украина, како и официјална Москва остро ги осудуваат дејствањата на украинските националисти и се противат на секаква рехабилитација на Бандера.Рускиот претседател Владимир Путин, за Бандера еднаш има речено дека бил обичен соработник и поддржувач на Хитлер.

Владата на Русија ја оправдува својата поддршка на проруските сепаратисти во Доњецк и во Луганск со, како што се вели, неонацистичката закана за етничките Руси во Украина.

Руското Министерставо за надворешни работи го осуди денеска маршот, како и нападите врз руски новинари и новинари за кои во Киев се тврди дека се „проруски“ определени, што се случиле во текот на маршот. Напаѓачите им ги грабнале на новинарите камерите и ги уништиле, а им ги одзеле и мобилените телефони.

Властите во Киев не јавуваат за ваквите инциденти, освен што е соопштено дека во текот на маршот е уапсено едно лице.

Степан Бандера во текот на Втората светска војна војувал против силите на тогашната советска армија,но бил уапсен од германските нацисти и задржан во затвор.

Убиен е во 1959 година, во атентат во Минхен,каде побегнал по завршувањето на војната. Украинските националисти тврдат дека атентаторот бил агент на поранешната советска тајна слуќба КГБ.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17