Марин Ле Пен се повлекува од лидерската позиција во партијата, ќе се кандидира за претседателка

Од:

Француската крајнодесничарска политичарка и претседателка на партијата „Национален собир“, Марин Ле Пен, денеска потврди дека наскоро ќе го напушти челното место во партијата, најверојатно по летото, бидејќи ќе се кандидира на претседателските избори во 2022 година и сака да биде кандидат на сите Французи.

„На следниот конгрес, не, затоа што е тоа конгрес што ќе го потврди кандидатот за претседателските избори, така што прво треба да бидам избрана, но подоцна, да …“, рече таа во интервју за списанието „Л’Инкоркт“, одговарајќи на прашањето дали може да потврди дека ќе се повлече од раководството на партијата.

„Поради можноста за победа на изборите, која никогаш не била важна како денеска, морам да бидам кандидат на сите што сакаат да ја водат националната борба“, рече таа.

Најверојатно ќе ја наследи партискиот колега Жордан Бардела, кој кажа дека Ле Пен најверојатно ќе замине од партијата „по летото“.

Конгресот на партијата ќе се одржи на почетокот на јули. Тогаш треба да се потврди нејзината кандидатура за претседател.

Ле Пен ја замрзна својата должност како претседателка на партијата меѓу двата круга на претседателските избори во 2017 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили