Жителите на Каталонија автоматски ќе го изгубат шпанското државјанство и статусот на граѓани на Европската унија, ако нивната регионална влада, што ќе биде формирана по локалните избори овој викенд, одлучи да прогласи независност, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо.
– Кога некој регион се оддели од одредена земја, тој ги губи сите бенефиции кои ги добила од припадноста кон таа земја, рече Маргаљо.
Тој го даде примерот со Алжир, чие население го загубило француското и европското државјанство кога Алжир прогласил независност од Франција во 1962 година.