Мануел Валс обелодени антиџихадистички план

Од:

Француската влада обелодени програма од 80 мерки, „стратешки документ“, за француската политика во областа на борбата против радикализацијата и тероризмот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Мерките се однесуваат од мобилизацијата на армијата на теренот, па се до подобро згрижување на жртвите од тероризмот, со желба во оваа борба да бидат вклучени колку што е можно повеќе општестевни актери, од приватниот и јавниот сектор, невладини оргтанизации и релгиозни установи.

Премиерот Мануел Валс нагласува дека станува збор за „општа мобилизација“, бидејќи „радикализацијата и тероризмот се поврзани“.

Француската влада стравува од фактот дека општеството се наоѓа наспроти еден феномен кој навлегува во него, му се заканува и пред се од можноста да стане помасовен. Радикалзиацијата на еден дел од младите, освоени од моделот на смртоносни против-општества, според владата го нарушува републиканскиот пакт.
Во стратегијата од 80 мерки претставена денеска, има чисти безбедносни мерки, но се става акцент на дерадикализацијата. Нема утврдена доктрина, туку општа цел, за до две години да се удвојат капацитетите за прифаќање на радикализиарни лица или на пат да се радикализираат, и на нивните семејства. Зголемен е капацитетот на отворената телефонска линија воспоставена во 2014 за пријавување на случаи на радикалзиација.
Планот предвидува охрабрување и на научните истражувања со воспоставување на еден „постојан научен совет за радикализацијата и тероризмот“ и давање на универзитетски студии за трудови кои се од оваа област.
Мерките предивидуваат засилување на ефектите на тајните служби, мерки кои веќе беа најавени пред две години. Употреба на новите форми за следење на комуникаците и на постоечките податоци, како на листите за патниците во авионскиот сообраќај.
Предвидена е на пример и зголемена будност и обука на персоналот за откривање знаци на радикализација, зголемена контрола на спортските клубови, со закана за одземање на лиценците ако се открие дека се злоупотребуваат.
Зголемена заштита на чувствителните места, а контрола на лицата кои имаат пристап до критичните зони (аеродоми, нуклеарни централи…) ќе биде постојана. Следење на лицата кои се во затвор за да се избегне нивна радикализација.
Во мерките не се заборавени ниту казните за терористите, како предлог законот за борбата против организираниот криминал и тероризмот, во кој со согласност на владата, пратениците го усвоија принципот на реална доживотна казна затвор. Конкретно безбеднсониот период од 22 години казна затвор е подигнат на 30 години, како што е денес случај за убијците на деца, придружени со акти на силување или тортура, како и убиства на припадници на силите на редот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили