Мамер: ЕК ќе ги почекаме официјалните резултати од изборите во САД

Од:

Европската комисија соопшти дека ЕУ нема да се меша во суверениот демократски процес на големата демократија, како што се САД, и ги повикува сите да ги следат официјалните соопштенија на надлежните изборни власти во оваа земја.

Брисел не сакаше да го коментира твитот на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, кој денеска веќе твитна дека е сосема јасно дека Американците го избраа Доналд Трамп за претседател и притоа им честита на републиканците за добриот резултат низ целата земја.

-Оставете процесот во САД да заврши и да се објават официјалните резултати. Ние нема да ги коментираме резултатите до финалето или на изборниот процес доколку не биде целосно нарушен, и колку што можаме да видиме, тоа засега не е случај, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

На редовната прес-конференција во Брисел, Мамер рече дека го разбира екстремниот интерес за настаните од другата страна на океанот, но исто така додаде дека Комисијата очекува да го слушне официјалното соопштување на резултатите од оние кои се одговорни за изборниот процес во САД.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска