Малики: Почна чистењето на градовите од терористи

Од:

Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска изјави дека ирачките безбедносни сили почнале со чистење на градовите од „терористи“, откако екстремистите зазедоа големи делови од територијата и со тоа ја донесоа ирачката војска на раб на колапс.

– Безбедносните сили започнаа со чистење на сите наши градови од овие терористи, истакна Малики, не соопштувајќи повеќе детали за тоа каде и кога почнала операцијата.

Тој претходно најави дека Владата ќе ги вооружи и опреми граѓаните кои сакаат доброволно да се борат против исламистите.

Врховниот шиитски лидер ајатолах Али ал Систани, исто така, ги повика Ирачаните да земат оружје против „терористите“.

– Граѓаните кои можат да носат оружје и да се борат против терористите, да ја бранат својата земја и народ и своите свети места, треба да бидат доброволци и да им се придружат на безбедносните сили поради постигнување на оваа цел, им порача Систани на Ирачаните.

Радикалната екстремистичка сунитска група Исламска држава во Ирак и Левантот зазеде големи подрачја во северниот и централниот дел на Ирак. Освен заземените градови во Ирак, групата е доста присутна и во пограничниот појас со Турција и Сирија, а позната е по бруталните методи на териториите кои се под нејзина контрола.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел