Мал авион со над тон кокаин се урна на Карибите

Од:

Мал авион што патувал од Венецуела со повеќе од еден тон кокаин се урна денеска на Карибите, откако бил пресретнат и предупреден од воздушните сили на Колумбија, пренесува Танјуг.

Венецуела и Колумбија го потврдија падот на авионот, но објавија различни верзии за настанот.

Видео снимката објавена од воздушните сили на Колумбија покажува како борбен авион пресретнува авион од Венецуела „Хакер 800“, кој влегол во воздушниот простор на Колмубија, околу два и пол часот по полноќ.

Според службените лица авионот се обидел да изманеврира од ситуацијата и побегне, но не успеал во тоа. Откако еден од неговиет мотори откажал, авионот се урнал на брегот на Пуерто, во Колумбија.

Крајбрежната стража на Колумбија соопшти дека телото на пилотот, засега од непозната националност, е пронајдено меѓу деловите на авионот со 1,2 тони кокаин спакуван во пакет од еден килограм.

Неколку часа подоцна министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино изјави дека авионот се спуштил на тајна писта во западната држава Апур, кратко по полноќ. Кога авионот неколку часа подоцна полетал, венецуелски авиони му наредиле да се спушти и отворил оган откако тој одбил да слета, нагласува Падрино.

Според него венецуелските власти изгубиле трага од авионот во близина на границата и ги преупредиле партнерите во Колумбија.

Венецуела е клучна земја за транзит на кокаин прозиведен во Колумбија. Од 2013 година Венецуела тврди дека собориле или неутрализирале 90 авиони кои носеле повеќе од 180 тони кокаин.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски