Макрон за детална ревизија на Шенген зоната

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска за детална ревизија на шенгенскиот простор за слободно движење во Европа.

– Апелирам на ревизија на Шенген зоната и поголема контрола, истакна Макрон за време на посетата на француско-шпанската граница на превојот Ле Пертис, додавајќи дека следниот месец ќе ги изнесе „првите предлози до Европскиот совет“.

Макрон, исто така, најави двојно зголемување на силите кои ја контролираат француската граница, од 2.400 на 4.800, во рамки на борбата против тероризмот, трговијата со луѓе и илегалната миграција.

– Таква одлука е донесена „поради интензивираните закани“ по неодамнешните напади, вклучувајќи го и нападот во Ница, нагласи францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано