Макрон: Војната со Хамас ќе трае 10 години

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика израелските власти „попрецизно да ги дефинираат“ крајните цели на војната со Хамас, бидејќи наведената цел за целосно елиминирање на палестинската милитантна група може да доведе до повеќегодишен конфликт.

Реакцијата на Макрон дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата вети дека ќе ја продолжи копнената офанзива во Газа до целосно „уништување на Хамас“.

Говорејќи на прес-конференција на маргините на климатската конференција на ОН COP28 во Дубаи, Макрон праша дали „некој мисли дека е можно“ да се уништи Хамас.

„Ако тоа е целта, војната ќе трае 10 години“, тврди тој.

„Не може да има долгорочна безбедност за Израел во регионот ако таа безбедност дојде по цена на животите на Палестинците, што влијае на јавното мислење во регионот“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа