Тоа што се случи во Вашингтон секако не е американски, изјави францускиот претседател Емануел Макрон од Елисејската палата на француски и на англиски јазик.
На видеото објавено на социјалните мрежи околу три часот по полноќ по локално време Макрон побара „да не се попушта пред насилството на неколкумина“
Тој наведе и дека нема да се попушти пред насилството на неколкумина, кои сакаат да ја предизвикаат демократијата.
– Она што се случи во Вашингтон дефинитивно не е американски. Веруваме во силата на нашите демократии. Веруваме во силата на американската демократија, истакна Макрон и објави хаштаг „Ние сме едно“.