Макрон реагира на исвиркувањето на Марсејезата на почетокот од средбата Турција-Франција

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече „неприфатливи“ свирежите на турските навивачи при изведбата на Марсејезата пред натпреварот помеѓу Турција и Франција за квалификациите за Евро 2020.

-Претседателот на Републиката беше погоден поради исвиркувањето на француската химна во Турција во саботата вечерта. Тој смета дека ова е неприфатливо, беше речено од Елисејската палата, од каде се додава дека шефот на француската држава тоа „му го кажал“ на Ноел Ле Грает, претседателот на Француската фудбалска федерација.

Вчеравечер Франција беше првпат поразена од Турција со 2:0, средба за време на која светските шампиони го имаа најбледиот настап откако ја освоија светската титула.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор