Макрон предупреди дека здравствената криза не е надмината

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека коронавирусот „не е зад нас“ и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат.

-Здравствената криза не е зад нас, тоа е многу јасно. Ќе живееме со вирусот уште неколку месеци, изјави тој по владиниот состанок на владата за борба против коронавирусот.

Во последниве недели, секојдневно се забележува зголемување на бројот на заразени лица во Франција, поради појавата на сојот Делта на коронавирусот, што се шири брзо. Секој ден, локалните здравствени власти регистрираат повеќе од 22.000 нови случаи.

Околу 45 милиони луѓе во Франција примиле барем една доза од вакцината, 67 проценти од населението, додека 56 проценти се целосно заштитени.

Потребен е сертификат со кјуар (QR) код за влез во ресторани и кафулиња во таа земја, како и за патување со авион, воз или автобус. Мерката е дел од владиниот план за поттикнување на вакцинација и запирање на ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски