Макрон одбил ковид тест пред да се сретне со Путин, затоа преговорите се одвиваа на 4 метри долга маса

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон одбил да биде тестиран на Ковид-19 по пристигнувањето во Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа информација ја потврди и Кремљ, поточно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесе Спутник на англиски јазик.

Песков нагласи дека не се работи за политика и дека тоа не влијае на разговорите.

Како што беше наведено, на францускиот претседател му била понудена опција или да направи ПЦР тест за да му се приближи на Путин или да ги почитува мерките на претпазливост, односно физичка дистанца.

Макрон одлучил да го направи второто, наводно поради загриженост дека неговите примероци од ДНК ќе завршат во рацете на руските лекари.

„Добро знаевме дека тоа значи дека нема ракување и таа долга маса. Но, не можевме да прифатиме да дојдат до ДНК на претседателот“, рекол изворот, пренесува Ројтерс.

На крајот, преговорите се одвиваа на маса долга 4 метри, што предизвика шпекулации дека тоа може да биде знак за ладни односи меѓу Русија и Западот.

Фотографијата Путин и Макрон како седат на спротивните краеви на четири метри долгата маса стана хит на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија