Макрон: Не може да има руско знаме на олиписките игри во Париз

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за спортскиот весник L’Equipe изјави дека „не може да има руско знаме на Олимписките игри во Париз во време кога Русија врши воени злосторства“.

„Очигледно, на Игрите во Париз не може да има руско знаме, верувам дека има консензус затоа што Русија како земја нема место на Олимпијадата во време кога изврши воени злосторства, кога депортираше деца“, рече Макрон.

Прашан за можното присуство на некои руски спортисти на Летните олимписки игри 2024 во статус на неутрални спортисти, шефот на државата одговори: „Се надевам дека ова е совесна одлука во олимпискиот свет. Не е на земјата домаќин да одлучува што треба да направи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Имам целосна доверба во Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет“.

Спортистите од Русија и Белорусија се соочија со санкции во многу спортови од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. И покрај војната, МОК препорача руските и белоруските спортисти да можат да се натпреваруваат под неутрално знаме на меѓународни натпревари.

Претседателот Макрон, исто така, изрази желба „Украинците да се обидат да го разберат овој начин на размислување“.

„Вистинското прашање што ќе треба да го реши Олимпискиот совет е какво место да им посвети на овие руски спортисти, кои понекогаш го поминуваат целиот свој живот подготвувајќи се за натпреварување, но можат да бидат и жртви на овој режим. МОК мора да донесе одлука која ќе биде фер и разбирлив за Украинците. Тоа е рамнотежа што ќе треба да ја постигнеме“, рече францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ