Макрон: До крајот на годинава Ирак ќе објави целосно ослободување од Исламска држава

Од:

Ирак до крајот на декември ќе објави целосно ослободување од џихадистичката група Исламска држава, кажа денес францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој ова го соопшти за време на заедничката прес-конференција со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал-Тани.

– Ќе дојде до ослободување пред крајот на годината и ние, се надевам, ќе постигнеме воена победа во ирачко-сириската зона, изјави тој за новинарите.

Претходно Макрон ги посети американските воздушни сили во Ал-Удеид во Катар, каде што се сретна со францускиот контингент и разговараше со американскат авоена команда.

Ал-Удеид, најголемата американска воздухопловна база во регионот, игра клучна улога во борбата на САД против Исламската држава и место од каде што се даваат наредби за воздушните кампањи против џихадистите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз