За време на посетата на Ница, претседателот на Франција го осуди, „исламистичкиот терористички напад“, нагласувајќи дека со тој чин „е нападната цела Франција“.
-Ако сме нападнати (…) тоа е за вредностите што се наши, за нашиот вкус за слобода, за оваа можност на нашата почва да веруваме слободно (…). Ние нема да попуштиме пред тоа, рече Емануел Макрон на импровизираната прес-конференција во Ница.
Претседателот исто така најави распоредување на 3.000 во 7.000 војници за операцијата „Сентинел“, со која ќе се штитат црквите, училиштата и други клучни објекти кои би можеле да бидат цел на напади.
За време на својот говор пред новинарите, стоејќи пред базиликата Нотр-Дам во Ница, претседателот Макрон посака пред сè „да ја изрази поддршката на целата нација кон католиците во Франција и на други места“.
-По атентатот врз отец Хамел летото 2016 година, повторно се нападнати католиците во нашата земја, додаде шефот на државата, осврнувајќи се на атентатот врз отец Хамел, кој беше заклан во неговата црква од исламистички терористи на 26 јули 2016 година во Сент Етјен ду Рувр.
-Целата нација стои покрај нив и ќе остане за да може религијата да продолжи слободно да се практикува во нашата земја, продолжи шефот на француската држава.
-Многу е јасно, Франција е нападната, продолжи Емануел Макрон, придружуван од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, министерот за правда Ерик Дупонд-Морети, градоначалникот на Ница Кристијан Естроси и претседателот на Архиепископи на Франција, Ерик де Мулан Бофор.
Во исто време, француски конзулат т беше нападнат во Саудиска Арабија во Џеда, потсети шефот на државата – чувар на францускиот конзулат во Џеда беше прободен со нож овој четврток. И „во исто време беа извршени апсења на нашата територија“, продолжи претседателот.
Претседателот Макрон од пред базиликата Нотр-Дам во Ница, потоа ги повика Французите на „единството на сите“ и „да не попуштат пред духот на поделбата“. „Цврстина и единство, таква е линијата што мора да ја следиме“, инсистираше тој пред да го заврши говорот.