Макрон го повика Ердоган да го „почитува суверениот избор“ на Финска и Шведска

Од:

Францускиот претседател телефонски разговарал со турскиот колега, кој веќе неколку дена ги одбива Шведска и Финска да влезат во НАТО, при што го повикал својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да го „почитува суверениот избор“ на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО и се надева дека брзо ќе се најде „решение“ за укинување на турското вето, јави дописникот на МИА.

„Претседателот на Републиката ја подвлече важноста од почитување на суверениот избор на овие две земји, кој произлегува од демократскиот процес и до кој дојде како реакција на еволуцијата на нивното безбедносно опкружување“, укажаа Елисејската палата по телефонскиот раговор.

Анкара во средата предупреди дека нема да се согласи со пристапувањето на Шведска и Финска без да добие „конкретни мерки“ од нив во врска со нејзините безбедносни грижи, откако прими делегации на дипломати од овие две земји.

Турција отвори криза во НАТО, чиј член е, спротивставувајќи се на проширувањето на организацијата на овие две земји кои побараа да се приклучат на Алијансата по руската инвазија на Украина и добија поддршка од огромното мнозинство земји-членки.

Особено Финска, која дели 1.300 километри копнена граница со Русија. Турција ги обвинува нордиските земји, особено Шведска, која има голема заедница на турски прогонети, за засолниште на курдските милитанти од ПКК, Работничката партија на Курдистан, која ја смета за терористичка организација.

Таа, исто така, го осудува присуството на поддржувачите на проповедникот Фетула Ѓулен, за кого се сомнева дека го организирал обидот за пуч во јули 2016 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било