Макрон: Француските трупи ќе го напуштат Мали „на уреден начин“

Од:

Француските трупи ќе го напуштат Мали „на организиран и уреден начин“, нагласи претседателот на Франција Емануел Макрон.

Изјавата беше дадена како одговор на барањето на владејачката хунта во Бамако силите да заминат „без одлагање“.

Макрон на медиумска конференција по самитот во Брисел рече дека француските војници, иако ќе се повлечат во согласност со неговата најава еден ден претходно, ќе го сторат тоа на начин да продолжат да обезбедуваат заштита за мисијата за стабилизација на ОН во Мали, MINUSMA и други странски сили во земјата.

„Нема да правам компромис ниту една секунда за нивната безбедност“, рече Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор