Македонците со најмали шанси за азил во Европа

Од:

Македонците се втори најбројни баратели на азил во Европска Унија, но истовремено се и со најмала стапка на прифаќање, која едвај изнесува еден отсто. Според последниот надзор на Европската комисија врз укинувањето на визниот режим за земјите од Западниот Балкан, барањата за азил од Македонија имаат најмала стапка на прифаќање во целиот регион.

Според статистичките податоци од ЕУ, 21 процент од вкупните барања за азил во првите девет месеци од 2014 година дошле од Македонија.

Со најголема шанса да бидат прифатени како азиланти во ЕУ се Албанците, Босанците, Црногорците, Србите и, на крај, Македонците. Најбројни баратели на азил во ЕУ се српските државјани, а најретки се црногорските.

Германија останува „омилена“ дестинација за емигрантите од Балканот. Меѓу 2009 и 2014 година, бројката на азиланти се зголемила од 12 проценти на 75 проценти.

Надзорот покажува дека мерките за спречување на „лажни азиланти“ во ЕУ не се доволни, изјави комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десничарски хулигани упаднаа и запалиjа хотел со баратели на азил во Англија

A1on

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска

Од Русија избегаа во Америка, наместо во ветената земја завршија во притвор

Горан Наумовски

Албанската Влада демантира дека постои договор за изградба на центар за азиланти

A1on

Сè повеќе Украинци бараат азил во Европската унија

Жарко Настоски

Албанците први во Европа и четврти во светот по барање азил, претседателот Мета вели: Доста е

Жарко Настоски