Мајкл Фалон: Британија игра „клучна улога“ во војната против ИД

Од:

Британскиот мннистер за одбрана Мајкл Фалон изјави во Лондон дека Велика Британија игра „клучна улога„ во војната против џихадистите на Исламска држава (ИД), на арапски јазик позната како Даеш.

Изјавата на министерот Фалон, доаѓа по вчерашните четири нови воздушни напади на авиони на британското воено воздухопловство (РАФ) врз позиции на ИД во Сирија, во кои за првпат се употребени ракети од типот „Бримстоун“.

Според британски воени експерти , овие ракети се означуваат како супериорни во однос на оние кои ги употребуваат другите членки на анти-ИД коалицијата.

Експертите тврдат дека тие се најсоодветни за прецизни напади, затоа што се диригувани од радар и може да се користат и против цели кои се движат со брзина до 120 километри на час.

Велика Британија и Саудиска Арабија се единствените две земји што го поседуваат ова оружје.

Вклучувањето на ракетите „Бримстоун„ се верува во Лондон дека ќе „направат пресврт„ во војната против џихадистите и ќе ги унапредаат воените дејствија на фронтот.

Авионите на РАФ во вчерашните напади бомбардирале возила во движење во реонот на Рака, како и нафтоносните полиња во Омар, во источна Сирија.

Министерот Мајкл Фалон изјави дека покрај воздушните напади, британската авијација со користење на дронови, има досега извршено повеќе од илјада воени мисии.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он