45-годишната мајка Шана Декри и нејзината 19-годишна ќерка Доминик се обвинети за убиство на петмина родинини со кои живееле во ист стан во Пенсилванија, САД. Од морничавиот настан се спасил само осмиот станар во куќата, 17-годишноот момче Џошуа, кој престојувал кај пријатели.
Случаот бил откриен кога социјален работник дошол да го посети семејството. Тој тропал на вратата, но откако никој не му отворил, со полициска асистенција тие влегле внатре. Надлежните биле шокирани од глетката. Сиот стан бил во неред, скршено стакло имало насекаде, мебелот бил превртен, а во спалната соба биле пронајдени пет мртви тела.
Една жена и тинејџерка биле пронајдени на креветот, се уште биле живи, но дезориентирани. Тие имале повреди на вратот и веднаш биле пренесени во болница.
Иако првично тврделе дека непознати лица влегле во станот и го извршиле убиството, подоцна ја смениле својата изјава. Сепак полицијата утврдила дека мајката и нејзината ќерка најверојатно ги убиле своите петмина роднини со кои што заедно живееле. Тие се обвинети за кривично дело убиство и едно обвинение за заговор за смртта на нивните роднини.
Шана пред полицијата тврдела дека сите во станот зборувале за самоубиство и дека сакале да умрат. Мајката е обвинета за смртта на нејзините деца Налрах (25) и Дејмон (13). Таа заедно со нејзината ќерка е обвинета и за смртта на својата сестра Џамила Кембел (42) и на нејзините ќерки близначки Ерика и Имани Ален (9).
Полицијата се уште ги истражува причините за убиствата. Нема други осомничени за настанот. мајкатаи ќерката се наоѓаат во казнено-поправен дом.
Осмиот член на семејството кој живеел во станот, синот на на Џамила Кембел, не бил пронајден веднаш, но подоцна полицијата го пронашка кај пријатели во Њу Џерси.