Мајчинската љубов нема граници-ги продава органите за подобар живот на ќерката

Од:

Самохрана мајка од Шпанија која поради кризата западнала во долгови, присилена е да ги продава своите органи за да ја прехрани ќерката и себе и да плати станарина.

44 годишната Шпанка  на аукција понудила бубрег, едно белодробно крило  и дел од џигерот за да ја плати станарината, со оглед дека ќе се најде на улица.

Како што му раскажала несреќната жена на шпанскиот весник Ел Мундо, се што сака е да има дом, работа која може да ја извршува и за која ќе биде платена, за да може да ја издржува својата ќерка која студира.

Нејзините месечни приходи не надминуваат 426 евра, а само за изнајмениот стан мора да издвои 400 евра. Ситуацијата да биде уште полоша, сега и се закнуваат и 12 години затвор, со оглед дека трговијата со органи во Шпанија е илегална.

И покрај тоа, оваа очајна жена и натаму тврди дека ќе го продаде „секој дел од нејзиното тело на тој што сака да го купи“ само на својата ќерка да и понуди достоен живот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски