Махмуд Абас ја прифати оставката на палестинскиот премиер

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа ја прифати оставката на премиерот Салам Фајад, кој се согласил да остане на функција до составување на нова влада.

Палестинските медиуми како причина за оставката на премиерот го наведуваат несогласувањата меѓу Фајад и Абас за владината политика.

Несогласувањата меѓу Фајад и Абас почнаа на 2 март кога министерот за финансии Набил Касис поднесе оставка која беше прифатена од премиерот, но одбиена од претседателот.

И претходно 61-годишниот Фајад најавуваше напуштање на премиерската функција.

Оставата на Фајад може да го доведе под знак прашалник договорот меѓу израелските и палестинските претставници за економски развој на окупораниот Западен Брег. Договорот беше објавен во текот на неделата од американскиот државен секретар Џон Кери.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он