Магичната мистериозна турнеја за решенија на Бан Ки Мун

Од:

Обединетите Нации имаат нешто како мешана историја на Балканот во изминатите децении. Најлошиот момент беше кога трупите под мандат на ОН се стаписаа за време на масакрот во Сребреница во 1995, и кој се случи во таканаречената „безбедносна зона“. Во истиот конфликт, босанскиот потпретседател Хакија Туралјиќ беше убиен од српски војник додека беше теоретски чуван од мировници од ОН: Неодамна, Мисијата на администрацијата на ОН на Косово од мнозинство Срби беше оквалификувана дека ја крши сувереноста на нивната држава, а е непопуларна дури и кај заедницата на етничките Албанци, како што се гледа слоганот „УНМИК оди си дома“ испишан на многу ѕидови низ Косово. И Советот за безбедност на организацијата останува недоискажан околу независноста на Косово.

Оттука посетата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун, на западниот Балкан во јули не беше поздравена со преголем интензитет на возбуда. Никој не очекуваше Бан да донесе долгоочекувано решение на замрзнатите конфликти во регионот, и на интер и интра националните антагонизми, па во оваа смисла посетата на јужнокореецот може да биде опишана како доживување без очекувања. Постоеше вообичаен тон на расположение во врска со помирувањето и на „трајната стабилност“, наместо тоа како ова да се оствари поинаку освен со членство во ЕУ (што е далечна перспектива за повеќето земји од регионот). Изјавите на Бан можеше да ги даде која било друга личност од меѓународната заедница.

Бан го напушти Балканот скоро исто како што беше ситуацијата и кога дојде таму – обремемет со етнички поделби, економска немоќ и, во многу случаи, во владение од егоистични и корумпирани елити. Босна и Херцеговина е поделена по етнички линии, што води кон политичко закочување и тоа е ризично за нејзиното понатамошно фрагметирање; косовската сувереност и позицијата на тамошното српско малцинство останува нерешено; насилствата кои на почетикот на годинава се распалија помеѓу етничките заедници во Македонија, која на меѓународно ниво е вкопана во ров со Грција. Дури и Хрватска и Словенија, двете понапредни, обединети и стабилни држави во регионот, жестоко ја обновија караницата околу заштедите на хрватите кои беа изгубени во сега непостоечката словенечка банка, а Љубљана се заканува дека ќе го блокира влезот на Хрватска во ЕУ заради овој проблем.

И покрај ова, турнејата на генералниот секретар во шесте држави (седум, ако го броиме и Косово, кое ОН не го брои) служи како потсетување дека регионот постои, дека се соочува со сериозни предизвици – и дека сепак е направен прогрес по завршувањето на војните за време на поделбата на Југославија.

Исторски лекции

Еден од најзначајните аспекти на оваа турнеја беше посетата на Бан на Сребреница, прва на некој генерален секретар на ОН по масакрот во 1995, во кој беа убиени околу 8,000 босански муслимани. Посетата беше воглавно од симболлична важност, но сепак беше важна, и тоа не само од балканска перпектива. Како што истакнува Курт Басуенер, политички аналитичар од Сараево, признавањето дека „меѓународната заедница беше неспособна да ги заштити оние на кои им требаше нашата помош, па дури и беа убиени“ (кажано со зборовите на Бан) не е нешто ново, затоа што ОН веќе презема делумна вина во врска со овој нанстан. Но шефот на ОН истакна дека меѓународната заедница ја прифаќа научената лекција, и ја спроведува во места како што се Либија и Бергот на слоновата коска – и дека истото треба да се направи и во Сирија.

„Бан беше пожесток околу Сирија отколку што неговите претходници беа во врска со Босна, и овие изјави ќе ги гледам низ тој фокус“, рече Басуенер за bne.

Бан исто така предизвка внимание во Македонија во врска со спорот околу нејзиното име со Грција, со изјавата дека „итно решение“ е „во моментов најважно“, и ја потенцираше улогата на неговиот личен пратеник Метју Нимиц да помогне во остварување на ова.

Атина се спротивставува земјата официјално да биде нарекувана како „Македонија“, со тврдењето дека тоа имплицира територијални претензии кон истоимениот грчки регион. Како резултат на ова, таа го блокираше процесот за членство на нејзиниот сосед во НАТО и во ЕУ, што доведе до разбирлива фрустрација кај граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија (како што сега на државата официјално и се обраќаат благодарение на Грција). Сега постојат реални надежи дека овој проблем ќе биде одмрзнат. „Посетата беше искрено поздравена и високо корисна затоа што беше прва од тој вид на ова ниво во последницве години“, вели Александар Димишковски, бизнис консултант од Скопје за bne. „Мислам дека беше осмислена и временски подесена за да ги оживее преговорите помеѓу Македонија и Грција. Изгледа дека таа е најверојано и обид да се стави овој проблем во фокус на глобалната јавност и да се засили притисокот на двата краја да се заврши овој долг, бесмислен и заморен спор, и да им се овозможи на двете земји (како и на регионот) да се фокусираат на други важни прашања, како што се економската криза и нејзините ефекти, потребата за поголема поврзаност во инфраструктурата и за соработка“.

Посетата на Бан на Косово, првата на генерален секретар на ОН по објавувањето на нејзината независност во 2008, беше повеќе контроверзна, и доби големо оспорување од Србија. Неизбежно, тој ги повика Белград и Приштина да продолжат со преговорите и да ги нормализираат односите. Како што кажаа повеќе од еден експерт, тешко е да се нормализираат односите со држава која се смета за отцепен регион и неодвоив дел од една поголема држава. Фактот што ОН не го признава Косово самото по себе ја прави работата на Бан уште потешка.

Во секој случај, организацијата има минимална улога во секојдневното водење на државата, и затоа ја предаде сета одговорност на ЕУ; нејзините тимови на Косово имаат повеќе набљудувачка и известувачка улога. „Бан ги повтори неговите претходни познати ставови, меѓу кои и дека преговорите околу Косово треба да продолжат, и тоа дека ќе биде поздравено подобрувањето на односите“, вели Братислав Грубачиќ, српски аналитичар кој е активен член на Српската прогресивна партија на новииот претседател Томислав Николиќ, за bne. „Турнејата не беше нешто посебна, не се кажа ништо спектакуларно ново“.

Според ставот на Грубачиќ, ОН подобро се покажа во заштита на мирот во регионот, отколку во обезбедување на следниот чекор – да се дојде до помирување. На крајот, тоа зависи од луѓето на Балканот и од нивните влади кои постојано се повикуваат на сеќавањата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство