Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност

Од:

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимална безбедност во централната провинција Аквила.

Италијанската државна агенција АНСА соопшти дека објектот е опремен за строг затворски режим, попознат како „41-бис“, на кој се подложени осуденици од мафија.

Според италијанскиот закон, затворскиот режим „41-бис“ е резервиран за членовите на мафијата.

Со оглед на фактот дека Денаро е болен изборот на затворот е логичен бидејќи се наоѓа во близина на онколошкиот центар во болницата во Аквила. Пред апсењето, 60-годишниот мафијашки бос бил во клиника во Палермо каде повеќе од една година се лекувал од рак.

Денаро е шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра.

Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Нему му се заканува и доживотна казна затвор за учество во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во 1993 година, во кои загинаа десет лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Италијанската влада го обвини „Вагнер“ дека стои зад бранот мигранти во Средоземното Море

Повеќе од илјада мигранти се спасени во Италија

Ана Ололовска

Италијанските власти донесоа построги затворски казни за шверцерите на мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се судрија два авиони кај Рим, загинаа пилотите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Италијански мафијашки бос избега од затвор, никој не забележа дека го нема два часа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мигрант кој го преживеа бродоломот во Италија: Шверцерите фрлаа деца во морето

Ана Ололовска