Мафијашки бос во Италија погребан во холивудски стил

Од:

Во Италија во холивудски стил, со музика од филмот „Кум“, во златно-црни кочии и со поворка на која од хеликоптери се фрлани ливчиња од цветот на црвени рози, е погребан еден од мафијашките босови Виторио Касамоника (65).

Во поворката имало стотина ожалостени лица, кои се собрале пред црквата Свети Џовани Боска во Рим, да го испратат Касамоника, за кого претставници тврдат дека бил само еден од маргиналните шефови на кланот активен во југозападниот дел на Рим.

„Го освои Рим, а сега ќе го освоиш и рајот“, беше напишано на банерот кој стоел на влезот во црквата, додека на другиот плакат, со негова фотографија и слика на Колосеумот и Базиликата Свети Петар, пишувало „Кралот на Рим“.

Снимките од погребот се емитувани на телевизиите во текот на целиот ден, поради што претставници на властите изразија негодување.

Градоначалникот Ињацио Марино протетираше запрашувајќи како е воопшто можно вакви сцени да се одржуваат јавно, а на твитер налогот напиша „неприфатливо е живите да ги користат погребите за да праќаат мафијашки пораки“.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага