Мадуро: Во однос на мене Ердоган е „мало бебе“

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денеска изјави дека чистките што ги спроведува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би изгледале како „детска игра“ во споредба на акции што тој би ги презел кога опозицијата би се обидела да направи пуч во неговата држава.

– Дали видовте што се случи во Турција? Ердоган би изгледал како мало бебе во однос на тоа што Боливарската Република би направила доколку десното крило ја премине границата со извршување на воен удар, истакна Мадуро.

По неуспешниот пуч на 15 јули во Турција притворени се, суспендирани или под истрага се повеќе од 60.000 луѓе од армијата, судството, јавните служби и образованието.

Би можело да ве интересира

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19, науката резервирана

Ана Ололовска

Мадуро ќе го менува знамето на Венецуела

Жарко Настоски

Хаг има информации за основа за покренување истрага против режимот на Мадуро

Ана Ололовска

Мадуро: Колумбија планира да ги саботира парламентарните избори во Венецуела

А1он