Мадуро најави дипломатски мерки против САД

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази протест поради одбивањето на САД да издадат виза за влез на шефот на неговата администрација Вилмер Бариентос за учество на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Мадуро нагласи дека САД се должни да дозволат влез на Бариентос во согласност со обврските како земја, каде се наоѓа седиштето на светската организација.

– САД не ја поседуваат ОН, истакна тој.

Венецуелскиот претседател како одговор на агресијата од Вашингтон најави тврди мерки од дипломатски карактер.

Претходно венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хауа објави дека САД не дозволиле на авионот на Мадуро да мине низ воздушното пространство на американската територија Порторико на пат за Кина.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас