Мадуро: Болсонаро сака војна помеѓу Венецуела и Бразил

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го обвини бразилскиот колега, екстремниот десничар Жаир Болсонаро дека сака „вооружен судир“ помеѓу двете земји.

“Болсонаро ги подготвува бразилските вооружени сили за вооружен судир со Венецуела, поддржувајќи терористичка група, која нападна една касарна на нашата војска”, изјави Мадуро пред странските медиуми во Каракас.

Тој зборуваше за нападот на група дезертери врз касарна во пограничната венецуелска сојузна држава Боливар на 22 декември минатата година, при што загина еден војник. Напаѓачите потоа побараа азил во Бразил.

“Постојат терористички групи кои на бразилска територија подготвуваат воени упади во Венецуела и ние имаме право да се браниме”, посочи Мадуро.

Тој го нарече Болсонаро фашист.

Во повеќе региони на Венецуела денеска и утре ќе се одржи воена вежба „Боливарски штит 2020“, пред се во делови на земјата што граничат со Колумбија и Бразил.

Бразил, Колумбија и Перу се помеѓу десетината земји кои бараат Мадуро да се повлече од претседателската функција и кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела во јануари минатата година.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ