Мадрид испраќа уште 4000 полицајци во Каталонија за да се осигура дека референдумот нема да се одржи

Од:

Министерството за внатрешни работи на Шпанија соопшти дека испраќа уште припадници на државната полиција во Каталонија за да се одржи ред и да се осигураат дека забранетиот референдум за независност нема да се одржи, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека Каталонија, која сака да одржи гласање за отцепување од Шпанија на 1. октомври, има сопствена полиција, но и покрај нив шпанската државна полиција патролира во регионот и често соработува со каталонската полиција.

Се уште не е познато колкав број на полицајци ќе испрати Мадрид во Каталонија, но според шпанските медиуми се работи за бројка помеѓу 3000 и 4000 илјади.

Тие ќе се приклучат на контингент од околу 5000 полицајци кои што веќе се наоѓаат во Каталонија, додека таму има околу 17.000 каталонски полицајци.

– Нивна задача ќе биде да го надгледуваат јавниот простор и одржувањето на редот, а ќе реагираат во случај на одржавување на незаконскиот референдум, известуваат од полицијата.

Во соопштението од министерството се наведува дека шпанската државна полиција ќе делува како поддршка на каталонската полиција, која и понатаму останува надлежна.

Новите полицајци ќе бидат сместени на изнајмени траекти укотвени во пристаништа, поради недостаток на простор за привремено сместување и поради избегнување на судири помеѓу демонстранти и полицијата.

Од шпанското МВР на полицајците им било кажано дека во периодот од 20. септември до 5. октомври нема да може да користат слободни денови.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски