Вториот човек во командниот ланец на шпанското Министерство за внатрешни работи, Францисиско Мартинез предупреди дека ИСИС ги повикува своите приврзаници со сите можни средства, па и со еболата како хемиско оружје да убиваат цивили на Запад.
Тој нагласи дека по разоткривање на комуникаци помеѓу џихадистите во кои се расправа за ангажирање на поединци за напади, заканите ги сфаќа сериозно.
Дури и наведе три одделни случаи, во кои млади џихадисти поврзани со ИСИС користеле соби за разговор на интернет и сериозно расправале за можноста од ширење на смртоносниот вирус и други отрови, како нови терористички методи.
Како што пренесуваат медиумите, Мартинез тврди дека во една конверзација помеѓу симпатизери на Исламска држава се споменувала употребата на ебола како токсично оружје против САД, додека во друга екстремистите наводно разгледуваат како најдобро да ги употребат смртоносните хемиски производи кои ги украле од лаборатории.
Според зборовите на шпанскиот функционер, портпаролот на терористичката група ги повикал приврзаниците да ги убиваат граѓаните на Запад, со сите можни средства, меѓу кои и со затруени инјекции.
Е. Г.