Маас: Германија има морален, а не репарациски долг кон Полска

Од:

Германија чувствува морална одговорност за огромната штета предизвикана во окупираната Полска за време на Втората светска војна, но нема обврска да плати отштета, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, кој престојува во дводневна посета на Полска во врска со 75-годишнината од Варшавското востание.

По средбата со неговиот германски колега, полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович рече дека Полјаците сметаат дека не се добро компензирани за воените злосторства што биле извршиле против нив. Полската влада објави дека ги проценува загубите и планира да побара репарација од Германија.

Берлин чувствува морална одговорност за она што го направија нацистите во Полска, рече Маас, објаснувајќи дека Германија „чувствува голем срам“.

– Од она што Германците го направија на Полска и во името на Германија, може само да се чувствува длабок срам, објасни германскиот министер.

Според неговите зборови, прашањето за отштета е „затворено за Германија“.

Во 2004 година, Варшава објави дека Германија и должи на земјата 45 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас