Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека минатата година е направен значителен напредок во зголемувањето на нуклеарната безбедност во светот и покрај големиот број на застарени реактори.
– Голем број земји воведоа дополнителни безбедносни мерки, се наведува во извештај на МААЕ.
Властите во САД, Швајцарија и Канада објавија упатства поврзани за стареење на безбедносниот систем и како перформансите на нуклеарните електрани да останат во прифатливите граници, се наведува во документот.
Извештајот на МААЕ е објавен пред денешниот протест на меѓународното здружение на еколозите Гринпис, кои бараат да се затвори една од најстарите нуклеарни централи во Франција.