МААЕ ја повикува Русија веднаш да се повлече од електраната Запорожје

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја усвои третата резолуција од избувнувањето на војната во Украина, повикувајќи ја Русија да ги прекине сите дејства во нуклеарните постројки на Украина, особено повикувајќи на итно повлекување од електраната Запорожје.

Одборот на гувернери на таа агенција на ОН има 35 членови, како што дознава Ројтерс од дипломати кои гласале зад затворени врати. За резолуцијата гласаа 24 земји, Русија и Кина беа против, додека Кенија, Намибија, Индија, Пакистан, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Виетнам беа воздржани.

„Изразуваме сериозна загриженост што Руската Федерација не ги послуша повиците на Комитетот веднаш да ги прекине сите дејства против и во нуклеарни постројки во Украина и бараме тоа да го стори веднаш“, се вели во текстот на резолуцијата.

Комитетот, исто така, изрази загриженост поради неприфатливиот притисок и приведувањето на украинскиот оперативен персонал во нуклеарната централа Запорожје, како и повторените прекини на надворешното снабдување со електрична енергија по гранатирањето во околината.

Како што пишува Ројтерс, украинскиот персонал продолжува да работи со електраната Запорожје во услови за кои МААЕ оценува дека се закана за безбедноста на електраната. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање што ги оштети зградите во нуклеарната централа и ги прекина далноводите важни за ладење на горивото на реакторот и избегнување на нуклеарно топење.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, повика на воспоставување заштитна зона околу централата, со цел да се запре гранатирањето и да се намали ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли