МААЕ: Иран ги исполнува обврските од спогодбата за неговата нуклеарна програма

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која има обврска да ја следи реализиацијата на спогодбата меѓу Иран и шестте светски сили, денеска објави извештај што покажува дека Техеран го почитува својот дел од обврските од договорот, пренесоа американските медиуми.

Во доверливиот извештај на МААЕ, до кој дошле американските медиуми, се наведува дека Иран во моментов располага со 102 килограми ниско збогатен ураниум, со што оваа земја во пракса достигнала половина од одобрените нивоа за овој показател и не произведува повисоко збогатуван ураниум.

Ниско збогатениот ураниум се употребува во реакторите на атомските електроцентрали, како и за други мировни цели. Но, доколку се збогати до степен да се употребува во оружје, тој може да послужи за нуклеарна боева глава.

Спогодбата, што беше постигната пред малку повеќе од една година, е насочена кон ограничување на иранските нуклеарни програми, кои можат да се употребат за производство на оружје.

Техеран инисистира на тоа дека нема никакво интерес да се здобие со нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски